АСТРО СОВЕТИ: Како да ја усогласите личноста со стилот за да бидете неодоливи

Фото: Unsplash

Како да ја усогласите личноста и стилот? Можеби тоа ќе ви го открие вашиот хороскопски знак.

Овен

Родени сте во вистински огнен знак, сконцентрирани на остварување на своите цели и сакате да бидете во центарот на вниманието. Кога влегувате во некоја просторија, вие ги привлекувате сите погледи. Согласно со вашата личност сакате класична облека и со задоволство ја освежувате со детали кои не поминуваат незабележани, како на пример, припиени линии и посмели деколтиња. Купувањето е ваша страст. Умеете да изненадите со силни бои во гардеробата.

Бик

Решителни и практични во работата, но штом заминете од работното место ја откривате својата женствена страна. Невозможно е да се одолее на вашата умешност да постигнете се што сакате со насмевка. Модните додатоци се ваша страст и ги избирате со особено внимание. Умерено високи потпетици, големи торби со строги модели и по некој детал од светликава бижутерија.

Близнаци

Вечно девојченце кое не сака да порасне, љубопитна и превртлива, секогаш изненадува со својата оригиналност. Чувствувате потреба постојано да сте активни и во движење, а вашето расположение е променливо исто како вас. Сакате да се чувствувате млади и тоа се гледа од вашата едноставна „кежуел“ гардероба со која комбинирате секогаш оригинални модни додатоци. Облека со деколтирани елементи, во пастелни и живи бои. Доволно е едно парче накит под услов да е шарено и оригинално.

Рак

Вљубени во љубовта, традиционални и нагласено женствени. Без сомнение сакате да заведувате истакнувајќи ги своите облини. Затоа носите облека со големи деколтиња за да ја нагласите убавината на своите гради. Сакате облека која ја нагласува вашата става, но без претерување…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот