Астро предупредување: Овие четири дена во август ќе бидат најлоши, бидете внимателни

хороскоп
Фото: Unsplash

Месец август е генерално поволен период во однос на планетите, но астролозите истакнуваат дека ќе има четири критични денови овој месец кога треба да бидете особено внимателни!

Хороскопот открива кои денови во август можат да ви донесат проблеми, одложување на плановите и предизвици.

13 август – петок 13

Освен што е петок 13-ти на овој ден младата месечина влегува во српеста фаза во Вага. Иако комбинацијата на лунарната енергија и воздушниот елемент ќе ни олесни да ги препознаеме проблемите, тоа нема да ни помогне да ги решиме. Бидете внимателни на овој ден и обрнете внимание на вашите зборови и мисли. Обидете се да не негувате или развивате негативните мисли. Секоја лоша мисла може да се врати во живот како бумеранг.

19 август – Меркур во конјукција со Марс

Комбинацијата на Меркур и Марс никогаш не била поволна. Секогаш носи многу предизвици. Многу луѓе околу вас можат да го откријат своето вистинско лице, да покажат алчност и себичност токму на овој ден. Можеби ќе бидете разочарани, бидејќи од многу луѓе од кои сте очекувале поддршка, сега, нема ниту да ве ислушат. Постои ризик и од неповолно трошење пари за непотребни работи и создавање дополнителни долгови. Исто така, ова е ден во кој ќе се случуваат прељуби и раскинувања. Бидете внимателни.

20 август – Уран се движи ретроградно

Уран се движи во спротивна насока и ова влијание ќе се чувствува до крајот на 2021 година. На овој ден, можете да се вратите назад, да размислите за случувањата од минатото, но внимавајте да не повторите слични грешки. Искористете го вашето искуство за она што следи. Потсетете се што сте можеле да направите вчера и што можете да направите денес. Ќе забележите колку сте напредувале, нема потреба да се враќате назад.

30 август – Меркур преминува во Вага

Вагата е воздушен знак на Зодијакот, а престојот на Меркур во овој знак ќе ве направи безгрижни. Важно е да преземете сопствена одговорност и да го разбистрите умот од негативните мисли. Инаку, хаосот во главата може да прерасне во хаос во животот. Не давајте празни ветувања и не зборувајте лошо за другите. Разликувањето на вистината од лагите ќе биде многу особено тешко, што ќе има лош ефект и на финансиски и на љубовен план. Пред да почнете да ги критикувате другите, соочете се со сопствените внатрешни непријатели.

Ова е само мала астролошка прогноза според распоредот на ѕвездите и планетите, но како ќе тече вашиот живот зависи само од вас и од начинот на кој го набљудувате. И покрај сите предизвици што ве чекаат, не заборавајте да ја зачувате позитивната енергија и оптимизмот.

Извор:  Informer

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот