АстраЗенека одби средба со претставниците на ЕУ за проблемите со испораката на вакцини

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Производителот на вакцини АстраЗенека одби да се сретне со највисоките претставници на ЕУ за да разговара за проблемите со производството на вакцини против коронавирус.

Средбата беше откажана по експлозивното интервју на извршниот директор на „АстраЗенека”, Паскал Сорао, кој рече дека компанијата нема договорна обврска, но се согласила „да даде се од себе” и да ја снабди ЕУ со својата вакцина.

Директорот на АстраЗенека: ЕУ потпиша договор со нашата компанија три месеци после Велика Британија

Наместо состанокот што беше планиран вечерва, компанијата писмено ќе одговори на еврокомесарката Стела Киријакидес, која побара објаснување од „АстраЗенека” зошто доцни со испорака и производство на вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот