„АстраЗенека”: Нашата вакцина е ефикасна во 90 отсто од случаите

АстраЗенека/ Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Компанијата „АстраЗенека” денеска соопшти дека вакцината што ја развива против ковид-19 може да биде ефикасна во 90 проценти од случаите и дека нема никакви несакани ефекти, а британскиот премиер, Борис Џонсон ја оцени веста како „фантастична”.

Британските медиуми пренесуваат дека со оваа информација компанијата „АстраЗенека” стана уште една во низата фармацевтски гиганти кои објавија позитивни податоци во врска со вакцината што ја развиваат за борба против коронавирусот.

Претходно, тоа го објавија компаниите „Фајзер”, „Модерна” и руската „Гамалеја” која ја развива вакцината „Спутник V”.

На ова британскиот премиер Борис Џонсон утринава оцени дека веста за новата, ефикасна вакцина на „АстраЗенека”, развиена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е „фантастична”, но дека е неопходно да се спроведат и дополнителни безбедносни проверки.

– Претстојат дополнителни проверки за безбедноста на вакцините, но ова се фантастични резултати, рече британскиот премиер, цитиран од британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот