АстраЗенека ги истражува резултатите од вакцината: Подобро поминале пациенти кои добиле помала доза

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

АстраЗенека соопшти дека соработува со регулаторите во истрагата за давање помала доза на вакцина против коронавирус, бидејќи резултатите беа подобри кај испитаниците кои добиле помала количина вакцина отколку целосна доза, изјави портпарол на компанијата.

Генералниот директор Паскал Сорио претходно изјави дека АстраЗенека ќе направи дополнителни тестови низ целиот свет за да ја процени ефикасноста на вакцината.

На прашањето да ги коментира наводите на Блумберг за новите испитувања, портпаролот на АстраЗенека рече дека се вршат дополнителни проценки на податоците и додаде дека компанијата соработува со регулаторите за „најдобриот пристап за понатамошна оценка”.

– Тоа ќе биде додаток на податоците од постојните испитувања, кои во моментов се подготвуваат за поднесување регулаторна постапка, рече тој.

АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд признаа дека настанала грешка при тестирање на вакцината за коронавирусот, што предизвика многу прашања во врска со првичните резултати што ги објавија.

Соопштението е објавено завчера, само неколку дена откако компанијата и универзитетот објавија дека нивната вакцина е „многу ефикасна”, не спомнувајќи зошто некои од учесниците во испитувањето не примиле цела доза за време на првата од двете вакцинации, пишува списанието „Тајм”.

Всушност, подоцна се покажало дека групата што примила помала количина вакцина е подобро заштитена од волонтерите кои примиле цели две дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот