Астра Зенека тројно ја зголеми продажбата на вакцини против ковид-19 во вториот квартал

Фото: EPA

 Продажбата на вакцини од страна на фармацевтската компанија Астра Зенека трипати е зголемена, на 894 милиони долари во вториот квартал во однос на претходното тримесечје.

Шведско-британската фармацевтска компанија сега очекува нејзиниот вкупен приход да се зголеми од 20 на 25 проценти оваа година, а основната заработка од 5,05 долари по акција на 5,40 долари. Прогнозите не вклучуваат продажба на вакцини.

Вкупните приходи пораснаа за 25 проценти, на 8,22 милијарди долари во вториот квартал. Компанијата, која наведе дека нема да заработи на вакцини за време на пандемијата, ги обнови своите финансиски насоки, вклучувајќи го и неодамнешното затворање на договорот за купување на Алексион, компанија што произведува ретки лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот