„Астра-Зенека“ го запира тестирањето на вакцината кај децата и тинејџерите

Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson/TT SWEDEN OUT

Универзитетот во Оксфорд привремено ќе го запре тестирањето на својата вакцина кај деца и тинејџери, односно кај лицата на возраст од 6 до 17 години, пишува The Wall Street Journal. 

Оваа одлука на Универзитетот е донесена откако се појавија случаи на ретки проблеми со згрутчување на крвта кај возрасните кои ја примиле, па се чекаат дополнителни информации.

Испитувањето предводено од Оксфорд започна во средината на февруари и има за цел тестирање на вакцината кај повеќе од 200 млади луѓе на возраст од 6 до 17 години.

Канал 4: Британија разгледува ограничување на вакцинација на младите со АстраЗенека

Портпаролот на Оксфорд изјави дека не се појавиле никакви безбедносни проблеми при самото испитување, но чекаат дополнителни регулаторни контроли во Велика Британија и Европа за да се испита каква било потенцијална врска меѓу згрутчувањето на крвта со вакцината.

Оксфорд чека повеќе информации од Агенцијата за лекови на Велика Британија, пред да продолжи со тестирањето врз деца и тинејџери. Европската агенција за лекови (ЕМА) се очекува дека во среда или четврток ќе се произнесе дали ќе се продолжи со вакцинацијата со „Астра-Зенека“.

ЕМА во среда или четврток ќе го изнесе ставот за повраноста помеѓу вакцината на „Астра-Зенека“ и згрутчувањето на крвта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот