Астон Вила плати 20 милиони фунти за резервниот голман на Арсенал

фото: твитер

Астон Вила го финализираше трансферот на аргентинскиот голман – Емилијано Мартинез, досегашниот член на Арсенал.

Тој вкупно 10 години го носеше дресот на „топчиите“, а за тој период или беше во улога на трета голманска опција или беше позајмен во други клубови.

Во текот на изминатата сезона, поради повреда на Бернд Лено, тој конечно доби шанса да биде број еден во тимот.

Од денеска има нов предизвик во неговата кариера, екипата на Астон Вила која плати 20 милиони фунти за потписот на Мартинез.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета во составот ги има Лено и Мет Мејси, како и македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев кој за веб изданието на „Слободен печат“ изјави дека е во очекување каде и во кој клуб ќе замине на позајмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот