Астон Вила го совлада Арсенал и за еден гол избега од опасната зона

EPA-EFE/Shaun Botterill

Екипата на Астон Вила со 1:0 го совладаа Арсенал во претпоследното коло во Премиер лигата и благодарение на поразот на Вотфорд од Манчестер сити, дојде до 17. место кои носи опстанок.

Тимот од Бирмингем има ист број бодови како и 18. Вотфорд, 34 но има подобра гол разлика и тоа за само еден гол од директниот конкурент во битката за опстанок.

Астон Вила во последното коло му гостува на Вест Хем додека Вотфорд исто така ќе игра на гостински терен, против Арсенал кој пак со мислите е веќе во финалето на ФА Купот.

Единствениот гол беше дело на египетскиот репрезентативец Трезеге во 27. минута.

Претходно Манчестер сити како гостин со 0:4 го совлада Вотфорд. Рахим Стерлинг постигна два гола за „граѓаните“ во првото полувреме, додека во вториот дел во листата на стрелци се запишаа Фил Фоден и Ејмерик Лапорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот