Астон Мартинот на Принц Чарлс вози на уникатно гориво – сирење и вино

Принц Чарлс Астон Мартин
Фото: Профимедиа

Винтејџ автомобилот марка Астон Мартин на Принцот Чарлс како гориво користи нуспродукти од вино и сирење и е совршено возило за довозување на вечера со стил.

Принцот Чарлс важи за страствен поборец посветен на околината и одржливоста, и во обид да го имплементира тоа во секојдневниот живот. Еден од тие начини е конвертирањето на неговиот Астон Мартин автомобил да користи специфично и иновативно гориво произведено од нуспродукти.

За олдтајмерот кој го доби како подарок од Кралицата Елизабета Втора за својот 21 роденден Принцот Чарлс инсистирал да се најде инженерско решение за алтернативно гориво, без да го уништи автентичниот автомобил.

„Мојот стар Астон Мартин, кој сега вози на нуспродукти, како гориво користи – верувале или не – остаток од англиско бело вино и сурутка од процесот на производство на сирење“, изјави Принц Чарлс.

Биоетанолот кој се сипа во автомобилот е обновлив извор на енергија кој е создаден преку ферментација на шеќер и скроб од растителни бипродукти што може да се постигне со користење на вино и сирење.

чарлс и камила
Фото: Принц Чарлс и Камила Паркер Боулс / Извор: Профимедиа

Необичното решение на Принцот Чарлс да го декарбонизира неговиот Астон Мартин користејќи силна мешавина на биоетанол произведена од остатоци од сирење и вино не треба да се помеша со сериозна можност како решение да се декарбонизираат возила.

Легендарниот автомобил е во сопственост на Чарлс повеќе од 50 години, а беше дел од повеќе важни настани во кралското семејство, меѓу кој и свадбата на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

принц вилијам и кејт мидлтон
Фото: Кралската свадба на Принц Вилијам и Кејт Мидлтон / Извор: Профимедиа

Но овој Астон Мартин не е единственото кралско возило кое тој успеал да го конвертира: Чарлс се обидувал да го промени и кралскиот воз да користи употребено масло за готвење како гориво.

72-годишниот престолонаследник на Британското Кралство вели дека светските лидери треба да направат повеќе за планетата отколку „само да зборуваат“, а еден од начините како тој ќе се бори со истото е неговото присуство на самитот за климатски промени на Обединетите Нации кој ќе се одржи од 31 октомври до 12 ноември.

принц чарлс принцезата дајана
Фото: Принцот Чарлс и Принцезата Дајана / Извор: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот