Астероидот удрен од вселенско летало на НАСА сега има опашка долга 10 000 километри

Фото: Инстаграм, НАСА

Веднаш откако американската вселенска агенција (НАСА) намерно удри вселенско летало во астероидот Диморфос, телескопите на Земјата и во вселената забележале прашина и делови од астероидот зад него, објави „CNET“.

Детални набљудувања покажале дека прашината и деловите од астероидот се оддалечуваат од астероидот поради сончевиот ветар, создавајќи опашка слична на оние на кометите.

Мисијата на вселенското летало ДАРТ имаше цел да покаже дали ваквиот удар може да го смени движењето на астероидот. Таквиот маневр еден ден би можел да му помогне на човештвото да одбегне опасен удар од астероид или комета. Имено, Диморфос не претставува закана за Земјата.

Ударот на вселенското летало ДАРТ во астероидот Диморфос беше на 26 септември, а веќе по два дена астрономи ја забележале опашката на астероидот. Според нивните пресметки, новата опашка е долга барем 10 000 километри.

Дополнителни набљудувања во следните недели треба да откријат уште детали за резултатите од ударот на сондата во астероидот.

Прв планетарен тест за одбрана: Вселенско летало на НАСА успешно удри во астероид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот