Астероид ескплодираше во близина на Земјата, неговите остатоци се разлетаа во Северна Америка (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Питер Браун, научник кој проучува метеори, тврди дека патувањето на овој вселенски камен открива оти тој до нас стигнал од појасот на астероиди кој се наоѓа непосредно зад Марс.

Парче од астероид кое експлодираше во близина на Земјата се наоѓа на дното од едно од Големите езера на Северна Америка. Тој кон нашата планета долетал од правецот на Марс и во атмосферата влегол оставајќи зад себе огнена трага. Многу очевидци изјавија дека во вторникот вечер забележале огнена топка на небото која патувала половина милиони километри пред да падне во езерото, пишува „РТ“.

Питер Браун, научник кој проучува метеори, тврди дека патувањето на овој вселенски камен открива оти тој до нас стигнал од појасот на астероиди кој се наоѓа непосредно зад Марс.

Астрономот од универзитетот во Западно Онтарио сподели снимка од опсерваторија на Твитер, на која може да се забележи како овој „посетител“ од вселената го осветлува ноќното небо.

Дури и најмалите парчиња на метеорот се осветлуваат бидејќи се запалуваат кога влегуваат во атмосферата на нашата планета. Браун проценува дека ова парче всушност е дел од значително поголем метеор и смета дека малку поголемо од топче за тенис.

Американското метеорско друштво забележа дека најмалку 20 луѓе го виделе овој астероид од разни локации на бреговите на Северна Америка.

Засега нема податоци за тоа дека астероидот предизвика штета на нечиј имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот