Астероид долг еден километар за четири дена ќе помине покрај Земјата (ВИДЕО)

Се очекува џиновската вселенска карпа да помине покрај нашата планета на оддалеченост од околу 5,77 милиони километри. Иако изгледа дека ова безбедна далечина, последиците од можен удар најверојатно би биле погубни за многумина, наведува НАСА, а пренесува „Спутник“.

Астероид долг околу еден километар ќе ѝ се приближи на нашата планета на 15 февруари, а се смета дека „вселенска карпа“ со оваа големина може да предизвика глобална катастрофа на Земјата, пренесува српски „Курир“.

Националната управа за воздухопловство и вселена го следи астероидот 2002 ПЗ39, кој се движи кон Земјата со брзина поголема од 57.240 километри на час, и се смета дека тој е потенцијално катастрофален, пренесува „Дејли експрес“ повикувајќи се на американската агенција НАСА.

Астероидот, за кој се проценува дека е широк меѓу 440 и 990 метри, на 15 февруари во околу 11.05 часот по средноевропско време би требало да има блиска средба со нашата планета.

– Ако камен метеороит поголем од 25 метри, но помал од еден километар, ја погоди Земјата, веројатно би предизвикал локална штета на подрачјето на ударот. Се што е поголемо од еден до два километри би можело да има глобални ефекти – наведе НАСА.

Се очекува џиновската вселенска карпа да помине покрај нашата планета на оддалеченост од околу 5,77 милиони километри. Иако изгледа дека ова безбедна далечина, последиците од можен удар најверојатно би биле погубни за многумина, наведува НАСА, а пренесува „Спутник“.

– Со оглед на тоа дека нивните орбитални патишта често ја пресекуваат Земјата, во минатото се случувале судари со објекти во близина на Земјата и би требало да бидеме отворени за можноста на идни судари. Треба да се вложат напори за откривање и проучување на овие објекти, за карактеризирање на нивната големина, состав и структура, како и следење на нивните идни патишта – изјавија од агенцијата НАСА.

Откако астероидот ќе ја заобиколи земјата, е продолжи со својот пат во Сочевиот систем и ќе тргне кон Венера, на која се проценува дека ќе ѝ се приближи на 14 јуни 2034 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот