Астана со пресврт ги совлада резервистите на Јунајтед (ВИДЕО)

twitter/Manchester Utd News

Манчестер јунајтед уште во минатото коло си го обезбеди пласманот во нокаут фазата од Лигата на Европа, но фудбалерите продолжија да им создаваат непријатни изненадувања на своите навивачи. Менаџерот Оле Гунар Солскјер одлучи на гостувањето кај Астана да настапи со вториот тим и поради тоа загуби со 2:1.

Јунајтед добро го започна натпреварот, уште во 10. минута поведе со голот на Лингард, а на стартот од второто полувреме „црвените ѓаволи“ имаа можност да ја завршат работата, но Чонг од неколку метри промаши празен гол. Казната стигна во наредниот напад во кој Шомка израмни на 1:1, победата им ја донесе дефанзивецот на Јунајтед, Бернард кој си ја затресе сопствената мрежа.

Рускиот Краснодар со голот од пенал на Ари во 72. минута го совлада Базел и си ги задржа шансите за освојување на второто место во групата Ц.


Директен конкурент на рускиот тим за втората позиција на табелата му е Хетафе кој со голот на Хуан Мата дојде до победата на гостувањето кај Трабзонспор. И двете екипи имаат по девет бодови и во последното коло играат меѓу себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот