АСОМ со донација за семејствата на настраданите лица во пожарот во Тетово

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Со сочувство и поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница за ковид-пациенти во Тетово, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ќе додели еднократна финансиска помош во висина од по 60 000 денари по семејство.

– Ова е голема загуба за семејствата на кои во оваа прилика им изразуваме длабоко сочувство. Човечкиот живот е ненадоместлив и не постојат зборови за утеха. Но, во овие моменти на неизмерна болка и тага за блиските на починатите, сакаме да понудиме искрена поддршка и помош. Заедно со членките, едногласно и без двоумење одлучувме да донираме парични средства на сите семејства кои загубија свој близок во пожарот во Тетово, истакнаа од АСОМ.

Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка на Црвениот Крст на РСМ.

Извор: МИА

Лекар од раководството на ковид-центарот за „Слободен печат“: Колегата кој работел со дефибрилаторот забележал чад

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот