АСОМ: Да се носи маска и да се држи растојание од два метри во обложувалниците

Обложувалница / Фото: EPA/TOLGA BOZOGLU

Асоцијацијата на спортски обложуваници апелира до играчите и во најава на есенски бран на вирусот да се почитуваат мерките за лична заштита при доаѓање во нивните објекти.

Од АСОМ, во соопштение наведуваат, дека тие четири месеци работат непречено и оти досега нивните објекти функционираат целосно пропишаните протоколи за работа, донесени до страна на Комисијата за заразни болести.

-Немаме прекин на работата во ниту еден од објектите на нашите членки заради Ковид-19, што покажува дека и во услови на пандемија, индустријата може да работи, ако доследно се почитува пропишаното. Со оглед на најавите за евентуален есенски бран, апелираме до играчите да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита и да се придржуваат до протоколот според кој работат обложувалниците. Здравјето на нашите вработени и нашите играчи е наш највисок приоритет, истакнува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година и повторно беа пуштени од 13 мај. Од АСОМ истакнуваат дека и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање ги задржале сите свои вработени.

Согласно проколот за работа, во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од два метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар. Играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лице, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од два метри во уплатното место, и да ги користат средствата за дезинфекција на раце, поставени на влезовите од обложувалниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот