Асоцијација на обложувалници: Може да работиме и во недела и на празник

Обложувалница / Фото: EPA/TOLGA BOZOGLU

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) тврди дека може да работи и во недела и на празник затоа што Законот за игрите на среќа и забавните игри кој ја уредува работата на спортските обложувалници преставува lex specialis. Од ССМ пак, алармираа дека не се применува во целост законското решение недела неработен ден „од страна на одредени работодавачи кои не со во дејности од исклучоците кои се предвидени да работат во недела, (пр: 92 – Дејности на коцкање и обложување)“. Оттаму потенцираа дека за тоа ќе разговарат со Владата и дека поднеле претставки до надлежните органи.

Од АСОМ пак, тврдат дека согласно членот 83 од Законот за игрите на среќа и забавните игри  „обложувалницата може да утврди работно време од 24 часа на ден, секој ден, независно од тоа дали со закон или со друг пропис е одреден државен или верски празник или друг неработен ден.“

– Потенцираме дека Законот за игрите на среќа и забавните игри кој ја уредува работата на спортските обложувалници преставува lex specialis и не е дозволено да се интервенира во одредбите од овој закон со други закони. Односно, во конкретниот случај, измените на Законот за работни односи не можат да влијаат на примената на одредбите од Законот за игрите на среќа и забавните игри и на тој начин да се нарушат правата на друштвата кои се лиценцирани согласно овој истиот – објаснија од АСОМ за „Слободен печат“.

Според нив, спортските обложувалници во целост го почитуваат Законот за работни односи кој ги регулира работничките права во смисла на 40 работни часа неделно, слободен ден и платена дополнителна работа за празник, ноќна работа, како и прекувремени работни часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот