СО 14 АВТОБУСИ: Во касарната Блажуј префрлени 330 мигранти од кампот Вучјак

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Во касарната во Блажуј вечерва се смесети 330 мигранти, потврди Мирза Хаџибдиќ, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево во Босна и Херцеговина.

Иако претходно беше планирано мигрантите кои ќе бидат пренесени од кампот Вучјак да бидат сместени во касарната Ушивак во Хаџиќи, утринава во пет часот група од 330 луѓе се сместени во касарната Влажуј, која се уште не е отворена и во која нема услови за престој. Сепак, властите така одлучиле поради тоа што во Ушивак немало место.

– Имаше најава дека ќе пристигнат седум или осум автобуси, а стигнаа 14 – рече Хаџибдиќ, потврдувајќи дека сместувањето на мигрантите било спроведено без проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот