Асистираше за светско злато, а сега на 29 години нема клуб!

фото: твитер

Борусија Дортмунд го раскина договорот со Андре Ширле, 29-годишниот поранешен германски репрезентативец.

Потсетување, Ширле асистирираше до Марио Геце во финалето на Светското првенство 2014 година за победнички гол против Аргентина во продолженијата (1:0) и тогаш беше еден од најталентираните европски офанзивни фудбалери.

Но, со тек на време кариерата не одеше во посакуван правец, тогашното крило на Челси се пресели во Волфсбург, а последните обиди да биде повторно да им се врати на големите успеси ги имаше во Борусија Дортмунд, Фулам и Спартак Москва.

Како што поминуваа сезоните, така и Ширле беше помалку опасен и не успеа да се врати на потребното ниво уште од периодот 2011-2013 год. кога го носеше дресот на Баер Леверкузен.

Сега, како што пишуваат Италијанците, Беневенто се нуди како нова опција, а Ширле кој е слободен играч и без договор, размислува дури и за пензија.

Би лажел кога би рекол не сум размислувал за пензија. Особено во овие тешки моменти си помислувам: „Ми треба ли уште од сето ова?“ Секоја година одлучувам дали имам мотивација и дали телото е подготвено. Не знам, можеби ќе одиграм уште една или две години – рече Ширле кој за германската селекција има 57 натпревари и 22 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот