Ашковски најавува ново чудо: Ќе дадеме се од себе повторно да ја израдуваме цела Македонија

фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за финалниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар против Португалија, а Стефан Ашковски најавува ново изненадување.

Македонија завчера во Палермо со голот на Александар Трајковски го совлада актуелниот европски шампион и во вторник ја очекува дуел со Португалија која ќе биде предводена од Кристијано Роналдо.

Ашковски кој одигра триесетина минути во Палермо, смета дека главниот адут на Португалците е индивидуалниот квалитет, но во фудбалот победува фудбалот.

– Емоциите стивнуваат полека, следува Португалија и ќе дадеме сѐ од себе за да ја израдуваме цела Македонија, нормално самите себе, но и да покажеме колку можеме. Убеден сум дека можеме многу. Не сакам да зборувам за квалитетот, сите знаат која е Португалија која според мене има сличен квалитет како Италија. Така да се надевам дека ќе одиграме уште подобро од тоа што одигравме со Италија. Португалија има добри индивидуалци, но во фудбалот поважен е тимот. И Италија има одлични индивидуалци, но видовме дека како тим не беа така сплотени – изјави Ашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот