Ашанин: Ова е епидемија на невакцинираните

Милика Ашанин / Фото: Фејсбук

Директорот на Клиничкиот центар на Србија (КЦС), професор Милика Ашанин, оцени денес дека епидемијата на коронавирус е епидемија на невакцинирани лица, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ги анализиравме пациентите што починаа во Ковид болницата во Батајница и на Клиниката за инфективни болести. Нашиот заклучок гласи: ова се најчесто, речиси исклучиво, невакцинирани пациенти,изјави Ашанин за РТС.

Тој кажа дека сегашната ситуација во КЦС, односно во нејзините ковид болници е сеуште тешка и дека според нивните проценки, постои тенденција на влошување на ситуацијата.

Ашанин потсети дека во ковид болницата во Батајница досега примиле 10.773 пациенти , 2.904 на одделот за интензивна нега и дека во моментов таму имаат 98 пациенти.

-Карактеристично за таа интензивна нега е што околу 90 отсто од пациентите се невакцинирани, кажа Милика Ашанин.

Тој порача дека оние кои се вакцинирани не треба да мислат дека се целосно заштитени од инфекцијата, туку дека треба да продолжат да се штитат.

-Исто така, сакаме да им порачаме дека оние кои се вакцинирани генерално поминуваат многу подобро, со поблаги форми на болеста и генерално се заштитени од тешки форми на болеста и смрт, истакнува Ашанин.

Според денешните официјални податоци, во Србија регистрирани се 7.201 позитивни случаи во последните 24 часа, 39 лица починале како резултат на коронавирус, така што вкупниот број на починати од ковид 19 е 7,885, соопштено е на веб -страницата на Министерството за здравство

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот