Асанж со подигната тупаница се појави на рочиштето за неговата екстрадиција во САД

Фото: Профимедиа

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денес се појави пред судот во Лондон поради закажаното рочиште за неговата евентуална екстрадиција во САД, каде би се соочил со обвиненија за шпионажа, објавија медиумите.

Асанж при влегувањето во зградата, според „Ројтерс“,  ја подигнал својата тупаница во знак на поддршка за присутните кои се собраa во близината. Основачот на „Викиликс“ минатиот пат во судницата накратко се појави преку видео-линк од затворот Белмарш.

Асанж (48) во САД се соочува со 18 точки во обвинението за шпионажа, вклучувајќи и здружувајње поради хакерски напади во државни компјутери. Доколку е прогласен за виновен, може да биде осуден на повеќедесениска затворска казна.

Тој во 2012 година најде засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска, каде беше обвинет за силување, нешто што тој го негира и смета дека ќе биде испратен во САД.

Во април, полицијата го извлече од амбасадата откако Еквадор му го укина азилот. Осуден е на затворска казна во траење од 50 дена поради кршење на условите за кауција.

Оваа казна Асанж ја отслужи минатиот месец, но во затвор и понатаму поради тоа што се уште трае процесот за негова екстрадиција во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот