Асанж се пожали дека не може да ја следи постапката за екстрадиција: Во ова учествувам како да гледам Вимблдон

Фото: EPA/STRINGER

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж се пожалил дека не може да го следи сослушувањето за неговата екстрадиција во САД, додека неговите адвокати докажуваат дека Британија не треба да го испорача бидејќи обвиненијата против него се политички мотивирани, пишува „Хина“.

На третиот ден од сослушувањето во судот во Лондон, Асанж рекол дека од својата клупа тешко може да слушне што се случува во судницата и побарал да седи заедно со своите адвокати.

– Во ова учествувам како да гледам Вимблдон. Не можам да комуницирам со своите адвокати и да ги прашам за некои појаснувања – констатирал Асанж.

Наведе дека со бранителите не може да разговара ниту приватно, бидејќи клупата е озвучена и во судницат се наоѓаат неименувани претставници на американската амбасада во Британија.

Адвокатите на Асанж утре ќе поднесат службено барање да се премести од клупата за обвинети, откако судијката Ванеса Бараитсер рече дека е дискутабилно дали тој технички и понатаму би бил во притвор ако седи на некое друго место.

Појасни дека поголемиот дел од обвинетите нормално седат во клупата и не може да прави исклучоци, но од адвокатите на Асанж сепак побарала да поднесат службено барање.

Џејмс Луис, претставник на американската влада, рече дека не се противи Асанж да седи на други место, ако со лисици е врзан за судскиот полицаец.

САД минатата година од Британија побара екстрадиција на Асанж откако му беше укинат азилот во еквадорската амбасада. Тој таму помина седум години и настојуваше да избегне екстрадиција во Шведска, поради обвиненијата за силување кои во меѓувреме беа отфрлени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот