Асанж поднесе жалба против екстрадицијата во САД

Џулијан Асанж
Џилијан Асанж / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Основачот на Викиликс,Жулијан Асанж поднесе жалба до Високиот суд во Лондон да ја блокира неговата екстрадиција во САД за да се соочи со кривична пријава, изјави неговиот брат, што е најнов чекор во неговата правна битка што се одолговлекува повеќе од една деценија, пишува Ројтерс.

Асанж (50) е баран од американските власти по 18 точки од обвинението, вклучително и обвинение за шпионирање, во врска со објавувањето на голем број доверливи американски воени досиеја и дипломатски телеграми за кои Вашингтон рече дека ги загрозувале животите.

Минатиот месец, министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател ја одобри неговата екстрадиција, а нејзината канцеларија соопшти дека британските судови заклучиле дека неговата екстрадиција нема да биде некомпатибилна со неговите човекови права и дека тој ќе биде соодветно третиран.

Адвокатскиот тим на Асанж, роден во Австралија, поднел жалба на таа одлука пред Високиот суд, потврди неговиот брат Габриел Шиптон. Судот мора да даде одобрение за жалбата да биде разгледана, но веројатно е дека правниот случај ќе потрае неколку месеци за да се заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот