Асанж нема да се екстрадира во земја во која се применува смртна казна

Заменик министерот за надворешни работи во Велика Британија, Алан Данкан, изјави дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж нема да биде екстрадиран во земја во која се применува смртна казна.

Данкан додаде дека Велика Британија и Еквадор се согласиле за тоа. Асанж во САД е обвинет за шпионажа и Вашингтон бара негова екстрадиција.

Рочиштето по тоа барање е закажано за крај на февруари следната година во Велика Британија.

САД го обвинува дека ја загрозил безбедноста на нивните дипломати и војници, кога Викиликс во 2010 година објави 250.000 дипломатски документи и околу половина милион доверливи предмети за активностите на американската војска во Ирак и Авганистан. Исто така, Асанж е обвинет и за заговор со некогашната воена аналитичарка Челзи Менинг, која му ги доставила документите.

Лондонскиот суд го осуди на 50 недели затвор за кршење на условите за негово ослободување со кауција. Се разгледува и прашањето за негова екстрадиција во САД, каде што може да биде осуден на 175 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот