АСАНЖ ја повлече жалбата на затвор од 50 недели!

Фото: EPA/STRINGER

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ја повлече жалбата на неговата затворска казна во траење од 50 недели поради кршење на условите за привремено пуштање на слобода во Велика Британија.

Судски претставници соопштија дека е откажано сослушувањето, кое било закажано за следната недела.

Асанж служи казна од 50 недели во Велика Британија поради кршење на кауција, откако седум години помина во Амбасадата на Еквадор во Лондон, за да избегне екстрадиција во Шведска поради наводно силување.

Асанж во февруари следната година го очекува сослушување на кое ќе биде одлучено дали ќе биде екстрадиран во САД, каде е обвинет за наводен обид да разбие владини шифри и кршење на законот за шпионажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот