Асанж ја користел амбасадата на Еквадор како центар за шпионажа

Фото: EPA/STRINGER

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, неколкупати ги прекршил условите за азил и се обидел да ја искористи амбасадата на Еквадор во Лондон како центар за шпионажа, рече претседателот на Еквадор, Ленин Морено, објави Еуроњуз.

Во четвртокот лондонската полиција го приведе Асанж од амбасадата откако Еквадор го повлече своето право на азил по седум години поминати во таа амбасада. Ова го одредува патот за неговата екстрадиција во САД за едно од најголемите протекување на доверливи информации.

Морено ги негираше шпекулациите пред британските медиуми дека тој дејствувал во знак на одмазда. Тој изрази жалење што Асанж ја користел амбасадата да интервенира во демократијата на други земји.

– Секој обид за дестабилизација е неприфатлив за Еквадор бидејќи ние сме суверена држава и ја почитуваме политиката на секоја земја – нагласува Морено во мејл до медиумите.

– Не можеме да дозволиме нашата амбасада, која ги отвори вратите, да стане центар на шпионажа – рече претседателот.

Бранители на Асанж одговорија дека Еквадор го предал на Вашингтон и дека престанокот на неговото право на азил е незаконско, и тоа означува „мрачен момент во слободата на новинарството”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот