Асанж и претставници на американската Влада утре ќе се соочат во лондонскиот суд

Тој е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи.

Претставници на американската Влада и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе се соочат во судот Вулвич Краун во Лондон под зајакнато обезбедување.

Сослушувањето ќе се случи една деценија откако Викиликс објави голем број доверливи воени документи. Рочиштето за екстрадирање ќе почне со изјаснување на адвокатите од САД, кои го обвинуваат Асанж за шпионажа, поради што му се закануваат 175 години затвор.

Тој е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи.

Американското Обвинителство го товари за поврзаност со припадникот на воените разузнавачки служби Челси Менинг, кој хакирал компјутер на Пентагон и објави стотици илјади тајни дипломатски и воени документи за војната во Ирак и Авганистан, со што, наводно, бил доведен во опасност животот на американските државјани.

Прочитајте и...  Макрон: На оваа криза и пристапив сериозно од самиот почеток, кога таа започна во Кина

Медиумски организации и групи за граѓански слободи, вклучувајќи ги и Амнести Интернешнал и Репортери без граници, сметаат дека обвинувањата против Асанж претставуваат преседан за слободата на медиумите.

– Тоа е напад врз новинарството. Единственото обвинение против Асанж, кое се крие зад глупоста за шпионажа, е обвинението против новинарството, изјави грчкиот пратеник Јанис Варуфакис.

Приврзаниците на Асанж се загрижени поради неговото здравје, бидејќи нарушена му е физичката и менталната состојба, а страда и од депресија, болки во рамената и забите.

Одбраната на Асанж инсистира дека обвинувањата од САД се политички мотивирани, како и дека ќе приложи докази оти во август 2017 година, администрацијата на Доналд Трамп му понудила помилување доколку каже дека Русија не била вмешана во протекувањето на мејловите на Демократскиот национален комитет.

Прочитајте и...  Во Кина нема локално пренесени случаи со коронавирус

Ако судот се согласи Асанж да биде екстрадиран, завршните зборови ќе ги има британската Влада.

Прочитај повеќе

Економскиот совет одржа втор состанок, се разгледувал дополнителен пакет на мерки

Слободен печат

Австрија додека трае епидемијата нема да прифаќа барања за азил на своите граници

Слободен печат

Состојба со коронавирусот во светот до 17 часот

Слободен печат

Кучињата прошетани, полицискиот час може да почне (ФОТО)

Гореа контејнери во Скопје, пожарникарите мораа да интервенираат (ФОТО)

Слободен печат

Република Српска прогласи вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Венецуелски генерал се предаде на ДЕА

МИА Агенција

Ердоган по кратка постапка го промени министерот за транспорт

Слободен печат

Руските научници развија препарат за лекување на заразени со коронавирус?

Слободен печат

Русија од 30 март ги затвора своите граници поради кризата со коронавирусот

Слободен печат

Градоначалничката на Битола порачува битолчани да бидат смирени и да дозволат да се води битката против коронавирусот

Слободен печат

Нови построги мерки во Турција: Ердоган ги укинува сите меѓународни летови

Слободен печат