Асанж доби два сина со адвокатката додека беше во амбасадата на Еквадор: Таа побара да го пуштат од затвор поради пандемијата

Џулијан Асанж
Џилијан Асанж / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Стела Морис во писмото до судот наведе дека одлучила да открие дека со Асанж ги добила синовите Габриел и Макс затоа што стравува дека животот на основачот на Викиликс е во опасност ако остане во затвор.

Адвокатката од одбраната на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, Стела Морис кој откри дека му родила двајца синови додека престојувал во амбасадата на Еквадор во Лондон, поднела барање за негово пуштање од затвор истакнувајќи дека неговиот живот е во опасност поради пандемијата од коронавирус.

Таа истакна дека постои сериозен страв за неговото здравје додека е во затвор, пренесува Гардијан.
Весникот истакнува дека здравјето на Асанж е лошо со месеци, а неговите пријатели тврдат дека коронавирусот се проширил низ лондонскиот затвор Белмарш, каде тој го очекува сослушувањето за испорачување на САД кое е одложено до 18 мај.

Тврди дека еден затвореник починал од коронавирус, а еден дел од чуварите се во изолација.

Стела Морис во писмото до судот наведе дека одлучила да открие дека со Асанж ги добила синовите Габриел и Макс затоа што стравува дека животот на основачот на Викиликс е во опасност ако остане во затвор.

Таа во писмото објасни дека го сретнала Асанж во 2011 година, додека бил правен истражител и дека пријателството, „и покрај вонредните околности“, прераснало во врска во 2015 година.

Додаде дека вложила огромен труд за да го заштити тригодшниот Габриел и едногодишниот Макс од атмосферата која го опкружува нивниот татко.

Асанж присуствувал на раѓањето на двете свои деца во Лондон преку видео линк, а постариот Габриел го видел во амбасадата кога му го донеле.

Асанж е уапсен во април 2019 година, откако помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот