Асани: Има се уште недоверба на ЛГБТИ луѓето кон институциите, но сепак работата е малку поместена кон подобро

ЛГБТИ активистот Беким Асани од Тетово во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека граѓанските организации преземаат чекори за прилагодување на ситуацијата предизвиката од коронавирусот.

-Во време кога целиот свет мора да се прилагоди на новонастанатата ситуација со коронавирусот, граѓанските организации се меѓу првите кои ја препознаваат итноста и преземаат солидарни чекори во своите заедници. Тие се соочени со предизвикот да ги затворат своите канцеларии, да ги приспособат нивните услуги на изолацијата, како и да покажат високо ниво на иновативност, рече Асани.

Покрај делењето пакети, се помага и со психолошки совети.

-Се почна од првото воведување на вонредната состојба, кога многу луѓе ги загубија работните места. До сега сме им помогнале на многу луѓе од ЛГБТИ заедницата. Имаме поделено над 250 пакетчиња. Нашите врати се отворени за сите луѓе. Помагаме и преку психолошки совети. Има се уште недоверба на ЛГБТИ луѓето кон институциите, но сепак работата е малку поместена кон подобро, но се уште не е доволно, додава Асани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот