Асани: Да ги присвоиме хуманите каузи на Мајка Тереза

Точно пред четириесет (40) години на денешен Гонџе Бојаџиу-Мајка Тереза, го посети нејзиниот роден град и во таа прилика таа беше прогласена за почесен граѓанин на Град Скопје.  Овој настан денеска го одбележеа од Институт за духовно и културно наследство на Албанците и ред други институции кои го носат името на хуманистката Мајка Тереза, од каде изјавија дека се чувствуваат привилегирани што и даваат чест на споменот на Мајка Тереза, во еден момент кога сите заедно и со помош на скопските градски власти, се враќаат трагите на традиција и идентитет, кои се поврзуваат со нејзиниот јазик и местото каде се родила Мајка Тереза.

– Отсега и понатаму, јазикот на Мајка Тереза ​​ќе биде обележана заедно со другите јазици на нејзината спомен плоча, факт што го надополнува мозаикот на нашата мултиетничка и повеќејазична реалност. Ние како институции и како граѓанско општество имаме обврска да го зачуваме културното и духовното наследство на возвишената фигура на Мајка Тереза, која за нас како Скопјани останува најавтентичен симбол на национално богатство, кое од сега понатаму би требало да биде заштитено и со закон, изјави Скендер Асани, претседател на ИДКНА-Скопје.

Тој рече дека само на тој начин може да се патентира, богатото културно и духовно наследство што го остави Гонџе Бојаџиу-Мајка Тереза, почнувајќи од нејзиното  детство, на калдрмите на античкото Скопје па се до нејзиниот последен здив, во далечна Калкута, таму каде ја хуманизираше хуманоста и истото го претвори во мисија.

Мајка Тереза ​​според Асани, е нај обединувачкиот симбол на нашите вредности и аспирации, затоа што самиот дух што таа го промовираше во светот, беше едно цело училиште каде светот имаше можност да учи за толеранција, разбирање, мир, милост, сочувство, хуманизам и друго.

– Не е толку лесно да се стане ученик на ова училиште, затоа ние како Институт формиравме посебен оддел, прв од ваков вид во светот, кој ќе се занимава со повеќеслојната студија и култивирање на фигурата и делото на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, со цел подигање на колективна меморија на институционално ниво, кажа Асани.

Најголемата чест што може да и се направи на големата фигура на Мајка Терезa на 40-годишнината од прогласувањето почесен граѓанин на Град Скопје, како што нагласи Асани, е наше присвојување на хуманите каузи на Мајка Тереза, ставајќи ги во контекст на нашето граќанско  комуницирање и разбирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот