Асад: Непријателот е Ердоган и неговата политика, а не Турција

Средба со турскиот претсесдател Реџеп Тајип Ердоган би била невкусна се додека турската армија се наоѓа на нашата територија, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за телевизијата „Раша Тудеј” (РТ).

-Не мислам дека оној кој ја окупира вашата земја ќе биде меѓу вашите приоритети за средба- изјави сирискиот лидер во одговор на прашање дали има шанса за средба меѓу него и неговиот турски колега.

Асад, сепак, забележа дека не е против преговори со Анкара.

-Ние не ја гледаме Турција како непријател. Турскиот народ е наш сосед. Имаме заедничка историја. Непријателот е Ердоган и неговата политика- подвлече шефот на сириската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот