„АС“ на одличен начин го најави трансферот на Нејмар (ФОТО)

EPA-EFE/NEIL HALL

Реал до последен момент ќе се бори да го ангажира Бразилецот, иако има конкуренција во понудите од Барса.

Но, како што известува „Марка“, каталонскиот гигант никако да ја испрати вистинската понуда за својот поранешен играч и дека нема доволни пари да испрати на сметката на ПСЖ.

Првиот човек на „Сантјаго Бернабеу“, Флорентино Перез мудро чека и внимателно ја следи ситуацијата со Нејмар.

Доколку успее да договори сензационално враќање на „Камп Ноу“, Барселона би била во сериозни финансиски проблеми, бидејќи голематата плата на играчот лошо ќе влијае на и така „нестабилниот“ буџет на каталонците, а во Реал немаат такви проблеми.

– „Во Мадрид ги бројат парите“ – стои на насловната страница на „АС“ на која е најавено доаѓањето на бразилската фудбалска ѕвезда во „кралскиот“ клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот