Артур Мело се враќа во Барселона, за да го раскине договорот

epa07510822 FC Barcelona's midfielder Arthur Melo (R) controls the ball during the UEFA Champions League quarter-final second leg match between FC Barcelona and Manchester United at Camp Nou stadium in Barcelona, Catalonia, Spain, 16 April 2019. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Бразилецот викендов ќе пристигне во Барселона за да се обиде да го раскине договорот со каталонскиот клуб кој покрена дисциплинска постапка против фудбалерот кој одби да игра во Лигата на шампионите.

Артур Мело иако пристигна како голема надеж и беше сметан за наследник на Чави Ернандез, не се наигра на „Камп Ноу“, посебно откако на клупата седна Кике Сетиен. Бразилецот сакаше да остане во Барселона, пред се поради желбата да игра заедно со Лионел Меси, но клубот се откажа од него и го испрати во Јувентус во замена за Миралем Пјаниќ.

Тој потег го налути Артур кој одби да игра за Барселона во Лигата на шампионите и не се врати на тренинзите на екипата поради што беше покрената дисциплинска постапка.

Инаку, Бразилецот по завршувањето на сезоната замина на одмор на Ибица, а потоа и во татковината иако Барселона му се закани доколку не се појави во тренинг центарот.

Артур смета дека челниците на Барселона лошо се однесуваа кон него бидејќи се откажаа од неговите услуги поради парите, а не од спортски причини.
Бразилецот одлучи викендов да допатува во Барселона на преговори со управата и да раскине договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот