„Артконект“ ја објави збирката раскази „Начин на љубење“ од Валтер Уго Мае

Збирката раскази „Начин на љубење“ од Валтер Уго Мае е книга во која фантазијата и реалноста се преплетени и не можат да постојат една без друга. Книгата на Валтер Уго Мае на читателот му нуди незаборавно патување низ детскиот светолед: во него се ставаат под прашање најтврдокорните ставови и сигурности, со безусловна предаденост на желбата за откривање и зачуденоста, дозволувајќи ѝ на имагинацијата широко да ги отвори портите на љубовта.

Поради универзалните пораки што ги носат, расказите од „Начин на љубење“ се соодветни и за млади и за возрасни читатели. Валтер Уго Мае во својот поговор во книгата вели: „Несмасен сум. Приказните што ги измислувам се храбри да станат едно или друго нешто. Јас сум романтичен и сакам да го подобрам светот.“

Валтер Уго Мае е португалски писател, музичар и уметник. За своите дела има добиено високи книжевни признанија во Португалија, меѓу кои и наградите „Жозе Сарамаго“ и „Океанос“. Живее и работи во Порто. „Начин на љубење“ е збирка раскази издадена како дел од проектот „Европски приказни на надеж“ на издавачката куќа „Артконект“, поддржан од „Креативна Европа“ на Европската Унија. Преводот е на Наташа Сарџоска. Илустрациите во македонското издание се на Белкис Аску Челеби.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 108, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 4-5 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот