„Артконект“ ја објави книгата за млади и возрасни „М како море“ од илустраторката Јоана Консехо

Насловна корица на книгата „М како море“

Издавачката куќа „Артконект“ неодамна ја објави илустрираната книга за млади и возрасни „М како море“ од Јоана Консехо, илустраторка од Полска, која живее во Франција. Работела керамика и инсталации, но откако нејзините илустрации биле одбрани за изложба на престижниот саем на книга во Болоња и ја добиле наградата „Abra Calabria“ во 2004 година, таа се има посветено на илустрирање книги.

„М како море“ е прекрасна приказна за главниот лик М. за кој откриваме многу малку, како, на пример, дека има сини очи и дека сака да биде како морето, дека понекогаш извикува гласно и ветрот ги разнесува неговите зборови, размислува многу и си поставува безброј прашања додека стои на брегот на морето: Има ли некој на брегот отспротива? Некој како мене? И како му е таму? Дали некогаш бил вљубен? Дали и него, понекогаш, го боли срцето? Има ли тој кутија со богатства? Дали му се допаѓа џемот од цреши?

Јоана Консехо денеска е една од најпознатите и најпочитувани илустраторки во светот. Деликатното цртање, богатството од детали, способноста на секојдневни теми да им пристапи на атрактивен начин, нејзините неочекувани пронајдоци и размислување „надвор од кутијата“ шармираат и инспирираат.

Нејзината книга на македонски јазик е објавена во рамки на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“ што издавачката куќа „Артконект“ го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Преводот е на Анастасија Ѓурчинова.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 235, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 15-16.6.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот