Артикот „гори“ од руските сили: Започна масовно вооружување, компромитирани позициите на НАТО (ФОТО)

Руски слики на Артикот Фото: Профимедиа

Русија ги зема предвид сите потенцијални закани и ги спроведува плановите за „обезбедување на безбедноста на своите северни граници“.

– Околу тврдењето на Америка за зајакнување на воениот потенцијал на Русија во Арктикот, кое, наводно „излегува од границите на одбраната“, земјите на НАТО се обидуваат да најдат изговор за зголемување на нивниот воен потенцијал на територијата на Арктикот, тоа веќе и го прават – рече заменик претседателот на Одборот на руската Државна дума за одбрана, Јури Швиткин.

– Сакам да истакнам дека дадената изјава на САД е обид земјите на НАТО да најдат причина да го зголемат својот воен потенцијал на Арктикот, што веќе, за жал, е присутен – рече Швиткин.

Пратеникот додаде дека дејствијата што ги спроведува Русија не претставуваат кршење на законот и дека се спроведуваат во согласност со нормите на меѓународното право.

– Арктикот е зона на националните интереси на Русија, мора да обезбедиме одбрана на северната страна на нашата земја – рече тој.

Руска војска на Артикот Фото: Профимедиа

Според него, одбранбениот потенцијал на Русија на Арктикот, како и неговото зајакнување, се во склад на растот на воениот потенцијал на земјите на НАТО на дадената територија.

Истовремено, членот на Комитетот на Советот на федерацијата за одбрана и безбедност, Франц Клинтевич изјави дека плановите на Русија се пропорционални на потребата да се обезбеди сигурност на северните граници на земјата.

– За да ги реализираат своите воени планови, САД не се фокусираат на Кина, туку на Русија. Нашата земја е главната „причина“ за зајакнување на американската воена моќ – рече парламентарарецот.

Тој додаде дека Русија ги зема предвид сите потенцијални закани и ги спроведува плановите за „обезбедување на безбедноста на нејзините северни граници“.

Руска база на Артикот Фото: Профимедиа

Говорејќи за системите за воздушна одбрана, Клинчевич рече дека Русија има право да ги распореди таму каде што смета дека е потребно.

Претходно, првиот заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, Мајкл Марфи, изјави дека Русија го зголемува своето воено присуство на Арктикот, а со тоа ја загрозува линијата на против подморничка одбрана на на Нато на Северен Атлантик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот