Артета потврди: Арсенал наскоро се очекува да го промовира Одегард!

Фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Менаџерот на лондонските „топџии“ Микел Артета потврди дека клубот е блиску да ја комплетира позајмицата на Мартин Одегард, членот на Реал Мадрид.

Норвешкиот интернационалец веќе ги заврши лекарските прегледи, а како што информира британскиот „Скај Спортс“, во наредните 24 часа се очекува да биде промовиран од Арсенал.

После вчерашната победа од 3:1 во Премиер лигата против Саутемптон, Артета одговори:

– Мислам дека сме многу блиску, но како што разбрав не е сè уште финализирано. Во последните неколку часа не зборував со Еду (техничкиот директор на Арсенал) и клубот, но ние сме многу позитивни што ќе го финализираме договорот – рече Артета.

22-годишниот играч од средниот ред Одегард сезонава во шпанската „Ла Лига“ имаше вкупно седум настапи за „кралевите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот