Артета: Ова не е ни блиску до нивото во Лигата на шампионите, разочаран сум

Шпанскиот менаџер на Арсенал, Микел Артета/Фото: EPA-EFE/Jon Super/POOL

Арсенал синоќа загуби од Њукасл– со 2:0 и има два бода помалку од Тотенхем кој е на четвртото место. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека е разочаран по поразот од Њукасл во Премиер лигата и оцени дека неговиот тим не бил ни блиску до нивото од Лигата на шампионите.

– Исклучително сум разочаран. Њукасл беше 10 пати подобар од нас и целосно ја заслужи победата. Нашиот настап не беше ни блиску до нивото од Лигата на шампионите – рече Артета, а изјавата ја пренесува „Скај“.

Фудбалерите на Њукасл победија синоќа на домашен терен против Арсенал со 2:0, во претпоследното, 37. коло од Премиер лигата.

Арсенал пред крајот е на петтата позиција со 66 бодови и заостанува два бода зад четвртопласираниот Тотенхем кој е на последното место кое води во Лигата на шампионите.

Екипата на Арсенал последен пат играше во Лигата на шампионите во сезоната 2016/17.

– Њукасл заслужи да го добие натпреварот, тие беа многу подобри од нас од почетокот до последната минута. Беа многу подобри во секој сегмент. Бевме лоши со топката. Многу работи се случија во текот на ноќта, како замените што моравме да ги направиме поради повреда, но тоа не е оправдување – рече шпанскиот менаџер.

Арсенал на 22 мај ќе го пречека Евертон во последното коло од Премиер лигата, а ривалот за пласман во Лигата на шампионите, Тотенхем, гостува кај Норич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот