Артан Груби: Одлуката на Меџити е лична, ја почитувам

Првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, денеска го коментираше повлекувањето на пратеникот Изет Меџити од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ. Груби вели дека тоа е негова лична одлука и дека ја почитува.

– Тоа лична одлука. Изет Меџити придонесе за партијата, тој е политички ветеран, има над 20 години искуство во ДУИ. Мислам дека никој не може да го замени Али Ахмети, но како и да е, во одреден период може да има друг претседател во ДУИ и зошто тој да не биде Изет Меџити – изјави Груби по средбата со поглаварот на ИВЗ, Шаќири Фетаи.

На последниот консултативен состанок на партиските тела, додаде Груби, ветивме и се согласивме да ги поддржиме политиките на ДУИ.

– После таа средба беше лидерот на ДУИ Али Ахмети кој рече дека сите прашања се решени и немам што да додадам по таа изјава- нагласи Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот