Артан Груби: Не сум гласноговорник на Џафери, незнам дали ќе свика седница или не

Сè уште ја немам видено иницијативата и не можам да изградам став во однос на текстот на барањето. Треба да разговарате со Џафери, за тоа длаи ќе свика седница или не, не сум негов гласноговорник– рече Груби.

Ние се распушивме и го вративме мандатот кај граѓаните, веќе немаме моќ да одлучуваме во наши раце, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби на телевизија 24 вести.

-Лидерите се сретнаа и им кажаа на пратениците да се самораспуштат и тоа го направија сите пратеници, меѓу кои и 35-те потпишани на иницијативата за свикување на Собранието. Сè уште ја немам видено иницијативата и не можам да изградам став во однос на текстот на барањето. Треба да разговарате со Џафери, за тоа длаи ќе свика седница или не, не сум негов гласноговорник– рече Груби.

Тој посочува дека за било каква значајна одлука за државата треба да се координираат партиските лидери.

-Значајни одлуки не смее да се носат еднострано – рече Груби, додавајќи дека ДУИ моментално фокусирана е на борбата со Ковид 19, а не на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот