Арсовски: Зекири е назначен за нов генерален секретар врз основа на неговиот бекграунд

Одлуката Мухамед Зекири да биде назначен за нов генерален секретар на Владата е донесена врз основа на она што го има постигнато во неговата професионална кариера, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

– Се зема беграундот и она што Мухамед Зекири го има постигнато во неговата професионална кариера и врз основа на тоа е донесена одлуката на предлог на премиерот, рече Арсовски, прашан дали има судир на интереси во назначувањето на Зеќири со оглед на тоа дека се кумови со премиерот.

Владата вчера на седница донесе повеќе кадровски решенија меѓу кои и назначувањето на Зеќири за нов генерален секретар на Владата по разрешувањето на досегашниот генерален секретар Драги Рашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот