Арсовски за спотот со Русковска: Спотот на ВМРО-ДПМНЕ е уметнички и воопшто не гледам дека некој е оцрнет

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во вечерашното гостување на ТВ 24 коментирајќи ги изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, особено спотот во кој се појавуваа обвинителката Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска, рече дека таму немало говор на омраза.

-Спотот на ВМРО-ДПМНЕ е уметнички спот и воопшто не гледам дека некој е оцрнет. Уметноста дозволува такви сценарија, не гледам дека некој беше претставен на начин на оцрнување. Говориме за говор на омраза или зборуваме за луѓе кои биле претставени во спотот? ВМРО-ДПМНЕ е премногу сериозна партија со стручни луѓе и не сметам дека воопшто треба да стане збор за говор на омраза во тие спотови. Туку тоа е начин да се претстави она што се случува во државата, рече Арсовски.

Обвинителката Вилма Русковска ја тужеше политичката партија за изборните спотови на партијата наречени „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“, но судијата Андреј Димоски ја отфрли тужбата со која Рускоска бараше отштета од 10.000 евра од ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо од тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот