Арсовски за СП: За квалитетот на решението со Бугарија ние треба да се избориме

петар арсовски
Петар Арсовски, политички аналитичар / Фото: Слободен печат

Квалитетот на решението за спорот со Бугарија е исклучиво наша обврска, а не на еврокомесарот Оливер Вархељ, кого го интересира само „да се заврши работата“ вели аналитичарот Петар Арсовски за „Слободен печат“.

– Вархељ не е заинтересиран за квалитетот на решението меѓу Македонија и Бугарија, туку за тоа да постигне успех и во своето портфолио да ги запише почетокот на преговорите на Македонија и на Албанија со ЕУ. Сега се назира и можноста Албанија да ги почне преговори, а Македонија не, но ќе видиме како ќе биде, затоа што лани многу земји се противеа на тоа Македонија и Албанија да се раздвојат во процесот на проширувањето. Дел од земјите беа и протов тоа Албанија да преговара. Вархељ сака да се постигне какво било решение. Не му е важен квалитетот, што ќе содржи решението, а  познато е дека тој доаѓа од партијата на Виктор Орбан која не ги негува многу европските вредности. Нас нас е да се избориме за квалитетно решение, Вархељ нема да води сметка за тоа – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Еврокомесарот Вархељ викендов рече дека Албанија ги исполнила условите за преговорите со ЕУ, а Македонија треба брзо да го реши спорот со Бугарија, на што премиерот Зоран Заев одговори дека никогаш нема да преговараме за нашите идентитетски атрибути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот