Арсовски за СП: Албанија можеби ќе ги почне преговорите со ЕУ во јуни, а Македонија ќе биде заборавена

петар арсовски
Петар Арсовски, политички аналитичар / Фото: Слободен печат

Во моментов се случува најлошата опција по парламентарните избори во Бугарија, односно  нема да се формира влада и ќе се оди на нови предвремени избори, а тоа за Македонија значи уште една изгубева година за евроинтеграциите, вели аналитичарот Петар Арсовски за „Слободен печат“.

– Тие избори најрано може да се организираат во јули, а дотогаш веќе ќе биде завршен циклусот на настани во ЕУ на кои може да се очекува некаков пробив за македонските евроинтеграции, а тоа се Берлинскиот процес, Самитот на ЕУ и состанокот на комитетот на постојаните претставници, односно КОРЕПЕР. Следната можност да се донесе одлука за почеток на преговорите за членство е во декември, а претходно во Бугарија ќе има уште едни избори, претседателските. Постои мала можност за која полека се зборува, а тоа е техничката влада на Бугарија да одлучи да ја одобри преговарачката рамка и Македонија да ги почне преговорите, а потоа за време на преговорите политичките влади на двете земји да ги решаваат другите отворени политички прашања како учебниците, малцинствата итн. Но, шансите за нешто такво се мали, затоа што техничката влада на Бугарија ќе се правда дека нема маднат да носи такви политички одлуки – вели Арсовски за „Слободен печат“ и додава дека ако меѓународната заедница реши Македонија повеќе да не губи време, може да ја притисне Бугарија доволно силно и техниката влада сепак да донесе политика одлука.

Во врска со опциите на нашата дипломатија во вакви околности Арсовски вели дека Македонија треба да ги собере сите земји од ЕУ што не поддржуваат и да направат заеднички притисок врз Бугарија.

– На самитите во јуни е можно да се случи Албанија да ги почне преговорите, а Македонија не. Ќе видиме што ќе се случи затоа што до лани некои земји инсистираа двете земји да одат во пакет кон ЕУ, а некои бараа да се одвојат и Македонија да ги почне преговорите, а Албанија не. Сега е можно само Албанија да ги почне и тоа е најлошата можна варијанта за нас. Ќе останеме заборавени – вели Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот