Арсовски за СП: Албанците се повикани да докажат дека се над 20 отсто

петар арсовски
Петар Арсовски, политички аналитичар / Фото: Слободен печат

Министрите се должни да ги застапуваат интересите на граѓаните и да не се однесуваат како партиски активисти, вели аналитичарот Петар Арсовски, коментирајќи го однесувањето на министрите Бујар Османи и Артан Груби кои на службените патувања деновиве во Швајцарија, Шпанија, Косово итн засилено лобираат да се попишуваат иселениците со албанско потекло.

– За пописот треба да се води само државна, а не партиска политика и политичарите од државниот врв треба да ги повикуваат сите граѓани во дијаспората да се самопопишат, без да се нагласува нивната етничка припадност. Од друга страна етничките Македонци наметнуваат дека правата на Албанците во Македонија зависат од тоа колав е нивниот број, односно имаше изјави од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од помалите партии во стилот ајде да видиме дали навистина се 20 отсто. Во такви услови јас ги разбирам дека ним сега им гори да докажат дека се над 20 отсто и покрај тоа што актуелната власт им ги гарантира стекнатите права без разлика на процентите – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Тој вели дека е неетички Османи да лобира Шпанија да го признае Косово без за тоа да знае Владата.

– Османи е министер на сите граѓани и кога патува во странство со парите на даночните опбврзници не смее да си дозволи да исполнува партиски агенди. Дали е навистина тоа став и на Владата, која го призна Косово како независна држава, дека треба да се бара од Шпанија да го стори истото – вели Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот