Арсовски: За бојкотирање на пописот можна е затворска казна до пет години

Владиниот порпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција рече дека бојкотот не е опција зошто станува збор за важна операција. Тој вели дека пописот е граѓанска обврска и е задолжителен. Тој додаде дека според Кривичниот законик (КЗ), санкциите можат да бидат парични, но и со затворска казна од една до пет години.

Притоа, Арсовски цитираше и член од КЗ:

„Член 387 вели: Тој што ќе организира други форми на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“

 

Бојкотот е и кривично дело, оттаму секој повик на бојкот подлежи на закон, а институциите ќе го применуваат во таков случај. Законска основа за казнување, вклучувајќи и затвор, е делото ‘организирање на отпор и непослушност кон законити мерки на државен орган’“, истакна владиниот портпарол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот