Арсовски: Широката коалиција е обид на Заев за ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите

За најновата ситуација на македонската политичка сцена и понудата на премиерот Зоран Заев за широка владина коалиција, која не би ја кочела работата на Собранието, политикологот Петар Арсовски гледа обид за забрзување на реформите во државата.

– Ова е обид на Заев да ги забрза реформите потребни за ЕУ кои сега се закочени и пружа рака за помирување, но таа влада би била без Мицкоски. Тоа значи дека не може да коалицира со сегашното ВМРО-ДПМНЕ, туку со некое ново ВМРО. Мислам дека во моментот целта на понудата не е широка или експертска влада, туку да се привлече ВМРО-ДПМНЕ, да се откаже од блокадите кои ги прави, а не дека е желба за некаква широка коалиција. Таквата коалиција, секако дека ќе предизвика проблеми со албанските партии бидејќи ќе го зголеми бројот на македонски учесници во власта, вели Арсовски за Слободен печат.

Коневски: Посакувам Мицкоски што поскоро да закрепне и да се појави на Вонредниот конгрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот