Арсовски: Промените што се случија во СДСМ, треба да продолжат во Владата

Промените што се случија во СДСМ, но не се доволни, треба да продолжат и во Владата, коментира аналитичарот Петар Арсовски по вчерашниот Централен одбор на СДСМ кога беше променето речиси целото раководство на партијата.

– Ова покажува дека Зоран Заев е сериозен во својата намера за промените што сака да ги направи, барем во партијата. Во партијата е и најлесно, потешкиот дел допрва доаѓа во Владата со коалициските партнери. Но ако тој ја следи оваа стратегија треба да има посериозни промени и во Владата – вели Арсовски.

На Централниот одбор на СДСМ синоќа беа промените 6 потпретседатели, целиот Извршен одбор, генералниот секретар Александар Кирацовски, претседателката на Форумот на жени Цветанка Ласкова и уште неколку други фунционери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот