Арсовски: Подобро каква било политичка, од техничка влада во Бугарија

петар арсовски
Петар Арсовски, политички аналитичар / Фото: Слободен печат

Според аналитичарот Петар Арсовски за Македонија е подобро во Бугарија да се состави политичка влада со што е можно повеќе коалициски партнери, наместо да се оди на нови парламентарни избори. Експертската влада, вели тој, би требала да организира избори наесен и ќе има изговор воопшто да не се занимава со односите Софија-Скопје, а во таква варијанта оваа година ќе биде целосно изгубена за македонските евроинтеграции.

– За нас е најдобро да се формира политичка влада со повеќе учесници затоа што така ќе биде полесно да се сподели одговорноста за одлуките што ќе се донесат – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Во врска со тоа дали новиот парламентарен состав во Бугарија ќе биде ограничен од декларацијата со која се негира македонскиот идентитет и историја што во 2018 година едногласно ја усвои претходниот парламент, Арсовски вели дека е добро тоа што во овој состав има нови партии кои немаат врска со таа декларација, „а таа не е ниту Устав, ниту закон“.

– Во овој момент е навистина тешко да се прогнозира кој би можел да состави влада и се отворени се многу опции. Актуелниот премиер Бојко Борисов иако има помали шанси, сепак не треба да се отпишува затоа што тој е вешт политичар. Неговата последна понуда со 10 пратеници да го подржи Трифонов да направи Влада покажува дека Борисов е се уште во игра – вели Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот